Продолжуваат незаконските распоредувања и вознемирувањето на вработените во СВР Куманово, соопшти денеска Синдикатот на македонската полиција.
Во продолжение интегрално го објавуваме целото соопштение од СПМ:
Почитувани членови на Синдикат на Полиција во Македонија, почитувани вработени во Министерството за внатрешни работи, почитувани преставници на медиумите,почитувани претставници на меѓународната заедница
Синдикатот на Полицијата на Македонија, на својата јавна прес конференција одржана на ден 03.09.2020 година пред зградата на СВР Куманово, јавно предупреди, дека од страна на актуелното раководство на СВР Куманово односно конкретно од страна на Началникот на СВР Куманово, врз вработените во СВР Куманово се спроведува вознемирување на работно место – мобинг , дека во СВР Куманово се подготвува бран на делење на незаконски решенија со распоредување на повеќе припадници на СВР Куманово надвор од нивното место на живеење и дека во фаза на изработка се повеќе од 30 фиктивни Предлози за поведување на дисциплински постапки како еден од начините на лична пресметка на Началникот на СВР Куманово со неистомислениците и професионалците.
Веднаш по нашата јавна прес конференција, за која што за прв пат некој воопшто јавно прозбори за наведените состојби , експресно бевме “демантирани” од страна на СВР Куманово , а како поткрепа на своите „партнери„ во итна постапка и без од никого на бидат повикани , во до сега уиграно клише на постапување, во СВР Куманово на нивно итно барање дојде и највисокото раководство на МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИЦИСКИ СИНДИКАТ на т.н. „вондредна работна средба„ каде што направија и протоколарна ФОТОСЕСИЈА со раководството на СВР Куманово и каде што според до сега веќе видено и добро уиграно сценарио, наводите на СПМ беа негирани и осопорени , со дополнителни обвиненија дека СПМ не делува професионално и дека шири лажни вести .
-Каква е состојбата во СВР Куманово денес, еден месец подоцна ?
Кој на 03.09.2020 година на јавен прес, предупредуваше за реваншизам и пресметка со неистомислениците а кој со невистинити деманти и држење на фингирани „работни посети„ денес шири лажни вести .
Во меѓувреме фактичката состојбата во СВР Куманово е следна: Отпочнат е процес на „ненадејно” делење на Предлози за поведување на дисциплински постапки по основ на еден од најомилента метода на Началникот на СВР Куманово а тоа е неговото „лично забележување„ па така само во еден ден на еден работник во СВР Куманово одеднаш му се делат два предлога за поведување на дисциплински постапки , на друг во подготовка е одеднаш да му се врачат три Предлози за дисциплински постапки, додека само во ОВР Кратово во еден ден врачени се повеќе од десет Предлози . За жал овој процес трае и во овој момент и како таков најверојатно и ќе продолжи да се одвива и во наредниот период.
Во контекст на горе наведеното, само за еден ден, поточно на ден 07.10.2020 година , поделени се вкупно 40 незаконски решенија за распоредување , воглавно сите со реваншистичка природа за потребите на службата и тоа спротивно на Законот за внатрешни работи и Колективниот договор на МВР каде без ниту еден правен основ наведен во решенијата, во целосно нетранспаретна постапка, околу 40 припадници на СВР Куманово се испратени на работа надвор од нивното место на живеење , односно од Куманово незаконски се распоредени во Скопје, Свети Николе и Чашка (Велес), како и од Куманово незаконски се распоредени во граничната полиција во Белановце и Сопот.
Во овие распоредувања за „ПОТРЕБИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО„ не беа поштедени ниту припадниците на СВР Куманово , кои што се докажани и врвни професионалци, припадници кои што во досегашната нивна долгогодишна каријера оствариле натпросечни резултати во работењето, како и припадници на СВР Куманово кои што се со само од 6 месеци до 1 година пред нивното пензионирање .
Апсурдот да биде уште поголем во овие прераспоредувања не беше „поштеден„ ниту синдикалниот претставник на Македонскиот Полициски Синдикат, кој што на последните синдикални избори на МПС во СВР Куманово освои убедлива победа, висок професионалец и исклучителна личност почитувана од сите припадници на СВР Куманово , кој што од негова работна позиција беше прераспореден како инспектор по имотни деликти во Бит Пазар во Скопје .
Меѓу другото поставуваме јавно прашање , каде е сега високото раководство на самонаречениот “единствен репрезентативен” да поитаат и „по нивно итно барање„ уште денес да дојдат во СВР Куманово и да остварат увид во наведената состојба , па ете ако сето останато за нив е невистинито, барем нека проверат каде и зошто е прераспореден нивниот синдикален претатсвник за СВР Куманово. Нигде на светот ама баш НИГДЕ, друг Синдикат не се става во одбрана на Министерство од напад на друг Синдикат кој се бори за подобри права и услови во МВР. Еве во овој конкретен случај обидете се да се надминете самите во вашата небулозна намера како синдикат да го браните работодавецот а да ги напаѓате вработените од кои што прибирате членарина, па обидете се да му помогнете барем на вашиот синдикален претставник (ВО МЕЃУВРЕМЕ ОБЈАСНЕТЕ МУ ДЕКА ВАШ ПРЕСТАВНИК ГЛАСАЛ ПОЗИТИВНО ВО КОМИСИЈАТА ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ ВО МВР СО ПРАВО НА ГЛАС).
За жал ,колку и да сакаме да водиме сметка и внимание , едноставно неможе по никој основ да се избегне констатацијата дека со скоро сите поднесени поднесени фингирани Предлози за дисциплински постапки и со скоро сите поделени реваншистички и незаконски Решенија за прераспоредување, се зафатени САМО припадници на СВР Куманово кои што се од МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНОСТ.
Групирањето во поголема бројка на Предлозите за дисциплински постапки и темпирање на момент на нивно ненадејно распоредување во еден ден заедно со моментот на делењето на незаконските и реваншистичките Решенија на припадниците на СВР Куманово , говори само дека се шири и предизвикува страв помеѓу вработените во СВР Куманово и дека се посегнува кон механизмот на раководење со СВР Куманово по принцип на закани и казни.
Како и во сите претходни наши јавни соопштенија , исто и сега , јавно ги повикуваме сите членови на СПМ како и сите вработени во СВР Куманово , да не подлегнуваат на овој насилен начин на раководење со СВР Куманово и при тоа да ја задржат својата чест и достоинство и да продолжат како до сега професионално и одговорно да си ги извршуваат своите работни задачи.
Синдикатот на Полиција во Македонија , ќе продолжи активно да ја следи наведената состојба како во СВР Куманово така и во останатите СВР и РЦ за ГР, за истото ВЕДНАШ ќе ја извести целокупната домашна јавност како и претставниците на меѓународната заедница и членовите на нивните мисиии во Македонија, а во фаза е подготовка за соодветна институционална реакција на оваа состојба за што членството и јавноста благовремено ќе биде известена .
ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА МОРА ДА СЕ ВРАТИ
СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА