Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека корона вирусот е сериозна опасност и дека тој не се лекува со прес конференции и евтин пиар, се вели во денешното соопштение од опозициската ВМРО-ДПМЕ.

– Заради неспособноста на Заев и Филипче само во текот на вчерашниот ден имавме 317 новозаболени од корона вирусот. Македонија тоне, а народот е во страв, затоа што власта на време не си ја заврши работата и не го организира општествтото. Корона вирусот во Македонија е континуирано присутен од кризата до денес, а што е единствено вина на Заев и Филипче, кои несериозно се справуваат со вирусот, обвинува опозициската партија.

Натаму во соопштението се додава:

-Дополнително загрижува фактот што се ближиме кон сезоната на грип, болниците по обичај ќе бидат преполни, а нема ниту вакцини против грип. Поради неспособноста на Заев и Филипче ќе имаме општ хаос во болниците низ државата. Ако сега имаме над 300 заболени на ден, колку треба да очекуваме за месец или месец и половина од сега?! Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека корона вирусот е сериозна опасност и дека тој не се лекува со прес конференции и евтин ПР?! Тоа можеби носи поен плус на нивното политичко конто, но никако не носи сигурност за граѓаните, потенцира најголема опозициска партија.