Францускиот претседател Емануел Макрон најави воведување нови ограничувачки мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот, откако Франција го забележа најголемо дневно зголемување на бројот на заразени, со речиси 19.000 нови случаи.

-Кога вирусот циркулира со оваа брзина, новите ограничувања се неизбежни, рече Макрон во интервју за двете најголеми телевизиски станици во Франција.