Деветнаесет авганистански државјани, од кои 10 малолетни синоќа слетаа на аеродромот во Загреб, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.
Помеѓу пристигнатите се лицата кои им помагале на Делегацијата на Европска Унија во Кабул и членови на нивните семејства.
Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ги повика земјите-членки на ЕУ да прифатат членови на персоналот од Авганистан, околу 500 Авганистанци, воглавно преведувачи и помошен персонал и членови на нивните семејства. Хрватска одлучи да прифати 20 Авганистанци.
Во Македонија не се знае точниот број на Бегалци од Авганистан, а како што изјави премиерот Зоран Заев, нивниот број варира од ден во ден. Но, нивниот број е неколку десетици пати поголем од Хрватска, која е исто така членка на НАТО, а Црна Гора, пак, објави дека нема да прима ниту еден бегалец од Авганистан.