После петмесечна врска, Бруклин Бекам, син на Дејвид и Викторија, реши да се ожени за актерката Никола Пелц.

Toj неодамна доби благослов од неговиот татко и мајка, па реши да се „ожени“ за четири години постара актерка со која помина само неколку месеци, но и двајцата сфатија дека се створени еден за друг.

Според српските медиуми, свадбената церемонија е планирана за мај следната година, а според нивните желби, таа ќе биде интимна и затворена за јавноста во Свети Стефан, Црна Гора. Тие ќе се венчаат на плажа.

Дејвид и Викторија Бекам беа на летен одмор во Свети Стефан во 2018 година, каде потрошија огромна сума пари.

Во тоа време тие платиле 7.000 евра за ноќевање во луксузен стан каде престојувале некои други познати личности, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ.