На синовите на кои им се погодиле татковците, им цветаат рози во бизнисите. Освен што им е заедничко тоа што имаат татковци моќници, поранешни функционери, на овие татини синови им е заедничко и бизнисите за кои се одлучиле. А што би работеле деца кои во животот гледале само пари?! Па логично, би работеле со пари. И тоа како „продавница за пари“.

Блиски роднини на поранешни функционери и актуелни политичари во земјава се дел од сопствениците на фирмите кои заработуваат од брзи кредити. Од вкупно 35 финансиски друштва, 23 компании се основани од македонски државјани, Меѓу нив и блиски на двајца поранешни премиери, пишува Радио Слободна Европа.

Мајката на бизнисменот Трајче Заев, братучедот на поранешниот премиер Зоран Заев, Убавка Заева, е сопственик на финансиското друштво „Пеон“ од Струмица. Управител на оваа фирма е нејзината ќерка Катерина Бојовиќ Заева, сопруга на Радиша Бојовиќ, сопственикот на струмичката дискотека „Аватар“.

Фирмата Пеон е основана во 1996 година како штедилница, а со лиценца за брзи кредити и издавање на гаранции се стекнува во 2013 година. Оваа компанија е основана со 800 илјади евра и со годишни приходи по околу 400 илјади евра. Во изминативе две години прави добивка од 170 до 270 илјади евра.

Синот на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, Лав Георгиевски, е влезен во бизнисот со брзи кредити. Тој отворил продавница за пари во центарот на Скопје „ Премиум фајнанс“.

Од фирмите кои им нудат заеми на граѓаните основани од македонски државјани најголема добивка во изминативе две години направила фирмата „Кредитен центар БС“, фирма чиишто сопственици се синовите на познатиот бизнисмени и политичар Борис Стојменов, Марјан и Емил Стојменови.

Целиот текст ТУКА