Четворица американски војници загинаа, а тројца се ранети при експлозија што денеска се случи во сирискиот град Манбиџ, изјави неименуван американски претставник.
Еден од сајтовите поврзан со терористичката организација Исламска држава објави претходно дека бомбаш – самоубиец обвиткан со елек со експлозив ја нападнал патролата војници на коалицијата предводена од САД, која извршува операции во Манбиџ.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, по веста за експлозија во близина на патролата во која загинаа 16 лица, изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп е „брифиран во целост“.