Сенаторката од сојузната држава Њујорк, Кирстен Џилибранд објави дека има намера да се номинира за кандидат за претседател од демократите на претседателските избори во 2020 година, јави МИА од Вашингтон.

Изјавата таа ја даде синоќа на телевизискиот канал „Си-Би-Ес“ во текот на шоуто на Стивен Колберт.

Нејзината намера дека ќе се номинира за кандидат за претседател предизвика гласно одобрување на присутните во студиото. Џилибранд укажа дека ќе се бори за воведување систем за општа здравствена заштита во САД, развој на високо државно образование и системи на курсеви за квалификација на специјалисти. Додаде и дека ќе се бори протов „корупцијата и алчноста“ на Вашингтон.

Џилибранд беше една од првите жени кои во 2017 година јавно се произнесоа дека биле сексуално малретирани од нивни соработници или надредени. Таа тогаш го обвини својот сопартиец Ел Франкен, сенатор од сојузната држава Минесота, за сексуално малтертирање. Веднаш по неа истото го направија десетици други жени.