Сириската војска денеска влезе во градот Манбиж во северна Сирија, јавуваат сириските државни медиуми.
По турската офанзива во северна Сирија и повлекувањето на САД, Сирија ги испрати своите трупи длабоко на територијата што ја држат Курдите, јужно од турската граница.
Претходно денеска, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека турските трупи и сојузниците од сириската опозиција се подготвени да извршат напад врз градот Манбиж, кој беше под контрола на сириските Курди.
– Ќе ја спроведеме нашата одлука за Манбиж, рече Ердоган пред новинарите.
Во меѓувреме, сириските Курди постигнаа договор со владата во Дамаск за заедничка одбрана против турската инвазија.