ЕСМ купила струја од 5,5 милиони евра. Според документите до кои дојде Република, во четвртокот е донесено решение за прифаќање на понудите за испорака за оериодот од 7 ноември до 20 ноември на Те-То и на Данске комодитис за Лот 1 и понудата на Данске Комодитис за Лот 2.
Распишан е уште еден тендер. Се бараат понуди за набавка на електрична енергија за периодот од 7 до 9 ноември.
Денеска напладне истечен е рокот за испраќање понуди за набавка на електрична енергија.
Во меѓувреме, додека течат тендери за кои не се зборува јавно, јавноста се замајува со набавка на јаглен. Одлуката за избор на понудувач за јаглен за РЕК Битола се очекува да биде донесена до крајот на следната недела. Народот стравува, ЕСМ излегува со некое соопштение дека набавката се однесува на производство на дополнителна струја, а истовремено летаат тендери за набавка на електрична енергија…