Емоционална, изненадена и експресивна – таква беше хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ по завршувањето на Светското првенство. Таа прво влезе на теренот, држејќи се за раце со францускиот претседател Емануел Макрон, а потоа почнаа серија неверојатни прегратки, за кои сега сите коментираат на интернет.
Нема сомнение дека Колинда Грабар-Китаровиќ беше во центарот на вниманието на доделувањето на медалите на фудбалерите во Русија.
Таа прво излезе на теренот, држејќи се за рака со Макрон, што изгледаше неформално отколку што требаше да биде на таква церемонија, а потоа следеа прегратки, солзи и бакнежи.
Ниту дождот кој уследи не ја спречи, таа стоеше во дрес покрај Путин и Макрон, кои беа во костуми, и ги гушкаше сите играчи, судиите и членовите на стручниот штаб на двете екипи.
На крајот, го дофати и трофејот, кој исто така- го бакна.
Нејзиното однесување не остана незабележано на Твитер, и токму таму таа е главната тема, а нејзиното однесување е оценето како симпатично.
„Никогаш не сум видел некој толку близок со секој што учествувал во финалето. Светските лидери треба да научат како оваа дама се смее од срце дури и кога губи “. „Победник е хрватската претседателка. Дрес, дожд, плаче , уништена фризура, а нејзе не и е гајле”… се дел од коментарите.