Коментаторите на БНТ на натпреварот меѓу Франција и Хрватска го свртеле вниманието на гледачите од натпреварот кон себе со кавгата околу тоа дали одлуката на судијата Нестор Питан со која досуди пенал за „петлите“ е правилна или не. Нивната кавга траела околу три минути.

Коментаторот Геогри Славчев сметал дека одлуката е престрога и дека Перишиќ не можел да реагира поинаку и да ја избегне топката која удри во неговата рака.

Наспроти него, Иванчо Ангелов го тврдел обратното велејќи дека Французите правилно добиле шанса да изведуваат удар од 11 метри по што поведоа со 2:1, што ги доведе во ситуација од ништо д аимаат постигнато два гола.

Се чини дека тоа прилично психолишки влијаеше на Хрватите и на натошниот тек на натпреварот.