Манчестер Сити остана без својот најдобар играч, Кевин де Бруин, по само 35 минути игра од финалето во Лигата на шампионите. Интер се држи добро, Инзаги „нареди“ висок пресинг, па „граѓаните“ и не доаѓаат до шанса лесно да го загрозат Онана.

Бернардо Силва ја имаше првата шанса откако шутираше за малку крај голот откосо од десната страна, а потоа Онана го одбрани шутот на Ерлинг Халанд.

Но, засега без голови на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.