Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од 16 јули официјално е на боледување, потврдија за МИА од СЈО.

Боледувањето Јанева го отворила на 16 јули, односно еден ден откако депонира оставка од функцијата, која, како што соопшти, ќе биде активирана штом се постигне договор за законот за јавното обвинителство.

Ден подоцна, во вторникот, на Катица Јанева по наредба на Обвнителството за организиран криминал, и беше одземен мобилниот телефон поради случајот „Рекет“.

Јанева и денеска не се појавила во СЈО, ниту пак поднела барање за боледување, јави Гласот на Америка.

Таа се уште не доставила никакво образложение за нејзиното отсуство, а според информациите на Гласот на Америка нема контактирано ни со колегите.

Молкот на Јанева ги подгрева шпекулациите дека е поврзана со рекетирањето на бизнисмен осомничен од СЈО, истрага која ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал, а за која беа притворени Бојан Јовановски и Зоран Милески – Кичеец.