Данските воено-воздухопловни сили пресретнале два руски бомбардера, што летале над Данска кон воздушниот простор што го надгледува Холандија во име на НАТО, соопшти холандското воено воздухопловство, а пренесува Скај њуз.
„Ги кренавме ловците Ф-16 за да го пресретнеме бомбардерите пред да влезат во воздушниот простор на НАТО“, соопшти холандското воздухопловство.
По овој маневар, руските авиони свртеле пред официјално да преминат на холандска територија.