Припадници на британската вооружена полиција го уапсиле командантот на авганистанските специјални сили во хотел во Манчестер. Според Скај њуз, тој таму бил во карантин со семејството откако бил евакуиран од Кабул.

Скај њуз денеска јавува дека апсењето се случило меѓу 31 август и 1 септември и се верува дека тој се уште е во притвор.

Засега не е познато зошто е уапсен, ниту дали е поднесено обвинение за кривично дело против него.

Во Англија полицијата може да задржи осомничен до 96 часа без обвинение ако е осомничен за тешко кривично дело, а до 14 дена доколку е приведен согласно законите за тероризам.

Министерствата за внатрешни работи и за одбрана не ги коментираа ваквите тврдења.