Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, потврди дека напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро ќе игра против Бразил уште од почетните минути.
– Агуеро ќе игра. Ова го велам затоа што слушам гласини дека постои сомневање за него. Меси? За него не можам да потврдам, изјави Скалони.
Аргентина во полуфиналето од Купот на Америка се среќава со домаќинот на натпреварувањето, репрезентацијата на Бразил. Натпреварот ќе се игра во Бело Хоризонте со почеток во 2 часот и 30 минути по полноќ.