Како што може да се види од овие две фотографии, на две секунди пред падот на Стерлинг по што беше досуден пенал за Англија против Данска во вечерашното полуфинале на ЕП во фудбал, на теренот има две топки. Едната е кај стерлинг, другата ја заокруживме со жолта боја.
На прв поглед, не е јасно дали на теренот е фрлен некој предмет или станува збор за фудбалска топка, но двете топки ги потврдува и селекторот на Данците, Каспер Хјулманд:
-Неколку работи беа против нас. Пеналот мислам дека беше престрого досуден. Второ, на теренот долго време имаше две топки…
Тоа би значело дека во моментот кога втората топка се нашла на теренот, а тоа од овие исечоци кои се појавуваат вечерва од натпреварот не може да се утврди, играта морала да биде прекината.
На прв поглед, од двете погорни фотографиии изгледа дека топката не влијае на акцијата на Стерлинг. Но, од подолниот скриншот, може да се види дека точно три секудни пред Стерлинг да падне и да биде досуден пеналот, играчите минуваат токму покрај втората топка, всушност двете топки с ена длечина не поголема од еден метар, а за втората топка данскиот селектор вели дека подолго време се наоѓала на теренот. Ова е совршено нерегуларна ситуација.