Катица Јанева и нејзините домашни и странски поддржувачи предизвикаа скандал и во Словенија. Словенечката Нова 24 ТВ пишува дека словенечкиот Институт ИФИМЕС, инаку мошне активен во поддршката на Зоран Заев при неговото нелегално инсталирање во премиерската фотелја, и доделил на специјалната овинителка признание, како што пишува Нова 24, за „најдобра на Балканот“.
Признанието и го доделил Зијад Бечировиќ, а на фотографијата која ја пласира Нова 24 е присутен и д-р Ернест Петрич, поранешен уставен судија (на фотографијата лево).
Но, тоа не е проблем, вели Нова 24. Проблем е што Инстутутот е финанансиран од пари на даночните обврзници на Словенија. Така, како што пишува Нова 24, „сомнителниот институт со сомнителните сопственици е мошне великодушно финансиран со пари на даночни обврзници. Општина Копер до денес инвестирала речиси 70.000 евра во Институтот на Бешировиќ, државната компанија ЕЛЕС д.о.о. 65 илјади евра… Покрај ЕЛЕС, ГЕН-Енергија исто така великодушно платила над 5.000 евра на Институтот. Институтот, исто така, го финансира и ДАРС, кој платил осум илјади евра, а Министерството за одбрана на Република Словенија четири илјади евра“.
Признанието на Јанева и е доделено пред две години. Нова 24 сега истакнува дека Јанева е во притвор, и дека таа одиграла една од клучните улоги во соборувањето на десничарската влада на Никола Груевски и во „политичкото убиство“ на Груевски.
Како што наведува Нова 24, признанието „Најдобро обвинитество на Балканот“ и е доделено на свеченост на Блед, а главен говорник бил Јелко Кацин, поранешен европратеник од Словенија чија партија се распадна, кој кон крајот на минатата деценија и почетокот на оваа, водеше вистинска „војна“ против Владата на Груевски со цел таа да се натера да ги смени името на државата, при што Кацин доживеа силен пораз од кој не се опорави.
Јелко КАЦИН
Нова 24 на кратко ги прераскажува и последните настани во Македонија околу аферата „Рекет“ и притворот на „најдобрата“, го опишува и сомнителното минато на Зијад Бечировиќ, а наведува дека босанскиот Аваз пишувал дека Бечировиќ е под надозр на словенечката полиција заради тесни врски со „радикални исламски кругови“.
Сепак, тоа што најмногу ги засега Словенците, наведува порталот, е што еден ваков Институт се финансира со државни пари. Заклучокот дека тоа ја вплеткува и Словенија како држава во криминалното досие на Јанева, сам по себе се наметнува.
Инаку, Нова 24, при апсењето на Јанева навела дека Македонците сега очекуваат, таму каде што се наоѓа обвинителката, да се најде и големиот пријател на Тања Фајон (словенечка европратеничка), Зоран Заев.