На улица „Народна револуција“ во Куманово, вчера околу 17 часот полициски службеници го привеле Д.Ј. (37) од Куманово поради тоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, врз основа на судска наредба, полициски службеници го привеле О.Д. (45) од с.Бузалково, велешко, за издржување казна затвор. При приведувањето, О.Д. давал отпор и нападнал полициски службеник.

Вчера во 22:50 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека во автобус на Граничниот премин Табановце на излез од РСМ починал Ф.С. (71) од Унгарија. Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија. Известен е јавен обвинител.

Вчера околу полноќ во СВР Скопје, В.А. (63) од с.Трубарево пријавил дека на улица ,,5” во с.Трубарево неговиот внук бил физички нападнат од С.С. и С.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрунава десет минути по полноќ во Полициска станица Кичево, Д.С. (63) од Кичево пријавил дека во близина на Железничката станица во Кичево бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Утринава во два часот по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека пред дискотека во градскиот парк бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Н. (23) и Д.П. (20), двајцата од Скопје. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера во 14 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека пред пицерија на улица ,,Рудничка” Б.Н. (48) бил физички нападнат од лице кое било под дејство на алкохол.

Вчера во 20:35 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во населба Стрелиште, при што горела сува трева. Противпожарната единица од Битола го изгаснала пожарот.

Вчера во 18 часот во СВР Скопје, В.К. (33) од Скопје пријавил дека на булевар ,,К.Ј. Питу” бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 9 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Брсјачка буна”, бил запален оган во депонија. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.

Утринава во три часот по полноќ во Полициската станица Кичево било пријавено дека пред пицерија на улица ,,Гоце Делчев”, Н.Д. (28) од Битола и Д.Б. (27) од Кичево биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 4:30 часот во СВР Скопје, Г.К. (40) пријавил дека на бул. ,,Партизански одреди” бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.