Со скандалозна изјава на социјалната мрежа Твитер, од својот официјален профил, претседателот на ЕТР (European for Tax Reform), Гантер Фехлингер напиша дека Македонија во иднина ќе биде дел од Грчка Федерација.
Фехлингер напиша дека е потребно да се остави историјата во музеите за да биде добро подготвена за туристите, и да се искористи целата енергија да се трансформира Грција во Федерација како Соединетите Американски Држави, Канада, Германија, Австрија и да се осигура дека еден ден еден ден ќе има некој регион кој ќе биде нарекуван Јужна Македонија во Грчка Федерација во федерална Европска Унија.
Имено, тој во минатото работел како претседател на ЕДС од 1996 до 1998 година и 4 години како генерален секретар на Унијата за мали и средни претпријатија, група за застапување за мали бизниси на ЕПП. Фехлингер работи на Балканот од 2005 година како консултант за развој со фокус на економскиот развој и стратегијата за јавни субјекти.
Со овој јавен став и писание на Фехлингер се поставува прашањето, што се планира за иднината на Македонија со планот за промена на уставното име во Северна Македонија?