Откако денеска заврши јавната седницата на Апелацискиот суд на која се расправаше по жалбата на првостепената пресуда за Никола Груевски и Ѓоко Поповски за предметот „Тенк“, граѓаните на социјалните мрежи јавно ја искажуваат својата поддршка за поранешниот премиер на Република Македонија.

Граѓаните, посебно младите, велат дека Груевски ќе биде запаметен по делата кои ги направи за Македонија и дека тој веќе си го обезбедил своето место во македонската историја. Според нив, ова е типичен монтиран судски процес и го поврзуваат со можни притисоци пред референдумот на 30-ти септември оваа година.