Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и Фондот на холокаустот во Македонија започнаа стратешко партнерство и иницијатива за Зачувување на споменот на Холокаустот.

Иницијативата настојува да го зачува споменот на Холокаустот во Македонија и воедно да ја промовира традицијата и културата на македонската-еврејска заедница. Исто така, иницијативата се очекува да ја зајакне борбата против антисемитизмот, расизмот и дискриминацијата преку промоција на демократските вредности, човековите права и толеранцијата помеѓу сите Македонци. Со ова соопштение се отвара фондот за постојаниот изложбен и меморијален центар на Холокаустот во Скопје – Македонија во период од есента 2018 година, во знак на одбележување 75 годишнина од депортацијата на скоро 98% од македонската еврејска заедница во логорот на смртта Треблинка. Двете институции работат здружено од 2006 години, кога во повеќе наврати ОМД беше домаќин на претставници на Фондот на Холокаустот на Македонија во Вашингтон, по повод различни панел дискусии, проекција на филмови, настани од вмрежувачки карактер и слично. ОМД ја предводеше и делегацијата на 70 годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, како и големото отварање на Меморијалниот Центар на Холокаустот во 2011 година. Во 2013 година, истиот Меморијален Центар на Холокаустот претставуваше фокус на четвртата глобална конференција на ОМД одржана во Скопје, каде што стотици учесници беа во можност да го посетат музејот и при тоа научат повеќе за злосторствата во текот на Втората Светска Војна. ОМД ги охрабрува поддржувачите на Фондот на Холокаустот на Македонија и повикува на понатамошни донации од индивидуалци, организации и приватниот сектор. За процесирање на даночно-ослободена донација, ве молиме користете го следниот ЛИНК. Вашиот придонес би помогнал на Фондот на Холокаустот и Музејот во финализација на својата постојана изложба и заложба во заштита на човековите права во регионот, со што би се зачувал споменот на Холкаустот и зајакнала борбата против актуелниот антисемитизам, национализам, ксенофобија и секој вид на дискриминација.