Скандинавската авиокомпанија САС соопшти дека денеска се откажани 673 летови, откако пилотите во Данска, во Норвешка и во Шведска стапија во штрајк.

Како што јави германската новинска агенција ДПА, разговорите помеѓу САС и синдикатот утрово завршија без договор.

Пилотите на САС бараат компензација за намалувања на платите и други отстапки што ги направиле во 2012 година.

Поради штрајкот на пилотите на САС погодени околу 72.000 патници. Синдикатот на пилотите претходно го имаше најавено штрајкот и ги советуваше патниците да ја проверат веб страницата на САС за детали за летовите.