Грција не само што ги успоруваше туку и ги кочеше реформите во првата половина на 2015 година, обелоденува во колумна во Катимерини Клаус Релинглинг.

Шефот на Европскиот стабилизациски механизам (ЕЦМ) истакнува дека „таа епизода чинела 200 милијарди евра“.

Во означениот период министер за финансии беше Јанис Варуфакис, прогласен како непријатен за преговори од страна на европските кредитори, пред се од Германија. Денес Варуфакис живее како слободен професор и раководи антиестаблишмебнтско движење на левичари од Европа.

Релинглинг во однос на третиот Меморандум  кој истекува утре и кој ќе се прославува на големи ѕвона во Грција, вели дека „Грција е на добар пат“ да стане стабилна и конкурентна економија, но со претпоставка дека ќе продолжи да се модернизира.

Сите проценки се дека Грција не може да се потпира само на туризмот како највносна стопанска гранка.

Шефот на ЕСМ обелоденува дека по смената на Варуфакис работите легнале и добиле практичен партнер во ликот на министерот Еуклид Цакалатос.

Релинглинг, сепак, отворено ги нотира проблемите на грчката економија кои се од структурна природа. Тој забележува дека од 1999 година платите и пензиите во Грција растеле побрзо отколку во другите земји од еврозоната, при што цената на работната сила ја надминала таа на растот на продуктивноста. Последиците од тоа излегле на видело во 2009 година кога грчката економија не била конкурентна и се појавил реалниот фискален дефицит што ја исклучи земјата од пазарите.

Единствен начин ова да се корегира, вели тој, е штедење и намалување на платите и пензиите и болни структурни реформи, како и намалување на вработените во јавниот сектор.