Многу реакции предизвикуваат цените на становите во Скопје кои во одредени реони се движат меѓу 2000-2500 евра по м2, но погледајте го овој просечен стан во Загреб.

Според индех.хе тој е луксузно наместен, се наоѓа на втор кат во станбена зграда без лифт во населба Гредикаме, има 98 квадрати, а цената му е 389.000 евра или речиси 4 000 евра по м2.

Зградата е изградена во 2013 година. Висока енергетска класа Станот има четири соби, составен од дневна, кујна и трпезарија, три спални соби, бања, тоалет, две лоѓи и ходник.

Станот има и надворешен паркинг простор, како и магацин во подрум. Енергетската класа е А, а парното е централно на гас.

Во непосредна близина на станот има јавен превоз, продавници, градинка, училиште и други содржини неопходни за удобен живот.