Скопјанец пријавил дека бил нападнат од вработен во Управните служби во зградата на МРТ додека чекал да си ја подигне личната карта, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека вчера во 17:20 часот во Полициска станица „Центар”, Д.М.(38) од Скопје, пријавил дека околу 16:00 часот на улица „Кеј Димитар Влахов” во МРТ – Управни служби, додека чекал за подигнување на лична карта бил физички нападнат од страна на вработен.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.