Александар Тодоровски од скопската општина Илинден донираше 1500 новогодишни пакетчиња во детска градинка Гоце Делчев – Илинден и Миладиновци, и во основните училишта „Гоце Делчев” – Илинден „Ристо Крле“ – Кадино и „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци.

-Како општествено одговорен граѓанин, ми беше чест и задоволство на најмладите во Општина Илинден да донирам 1500 новогодишни пакетчиња во Детска Градинка Гоце Делчев – Илинден и Миладиновци, како и во основните училишта ООУ “Гоце Делчев” – Илинден „Ристо Крле“ – Кадино и „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци со честитки за среќна и успшна Нова Година.

Непроценливо е чувството со овој мал гест да ги направите дечињата среќни, насменани и исполнети во ова време на пандемија со Covid 19.
На вас постарите Ви посакувам добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови кои следат, исполнети со љубов и меѓусебна почит, напиша Тодоровски на Фејсбук.

Почитувани сограѓани,
Како општествено одговорен граѓанин, ми беше чест и задоволство на најмладите во Општина Илинден…

Posted by Aleksandar Todorovski on Wednesday, 30 December 2020