Уште еден напад и каснување од кучиња скитници е пријавен вчера во Скопје.
Како што е соопштено од МВР, вчера во Полициската станица Центар, С.Ф. (67) од Скопје пријавил дека на 10 август 2018 година околу 13 часот на Плоштад Македонија бил нападнат од повеќе кучиња скитници и бил каснат.
Нападнатиот граѓанин возел велосипед на плоштадот при што едно од кучињата го каснало на левата потколеница.