Скопјанка се здобила со скршеница на рака, при пад на тротоар откако била нападната од куче-скитник.
Како што соопштија од МВР, вчера во Полициската станица Аеродром Л.Е. (52) пријавила дека истиот ден околу 14 часот додека шетала на булеварот „АСНОМ“ била нападната и турната од страна на куче-скитник и при падот се здобила со повреда, скршеница во пределот на десната рака.
Потоа побарала лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар била константирана тешка телесна повреда.
Ова не е прв случај на напад на куче во оваа скопска населба. Граѓаните често пати на социјалните мрежи се жалат дека во Аеродром, како и во други делови на Скопје, има глутници кучиња-скитници кои не се третирани од надлежните служби.