Од денеска до 21 октомври 2021, во организација на Шаховската федерација на Македонија и со поддршка на ПСУ „Јахја Кемал”, во просториите на училиштето ќе се одржи Европското хибридно првенство за деца и младинци.
Триесет претставници во категории до 8, 10, 12, 14, 16 и 18 години за момчиња и девојчиња ќе ја претставуваат Северна Македонија и ќе се натпреваруваат со своите врсници од Европа.
Предводник на македонските играчи и главен координатор на настанот е Бојана Бејатовиќ.