Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 293 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции.
Од МВР денеска соопштија дека од нив, 32 прекршоци се за возачите на мотоцикли,а 28 за возење без возачка дозвола.
– Изречени се 56 санкции за возење под дејство на алкохол, седум за нерегистрирани возила, пет за користење мобилен телефон, 14 санкции за непрописно паркирање, стои во соопштението.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.