На улицата .„Народни херои“ со ул.„Михаил Чаков“, вчера околу 04.00 часот од полициски службеници се лишени од слобода В.Н.(25) и А.М.(37), и двајцата од Скопје, бидејќи се фатени при  вршење на кривично дело тешка кражба од патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.А.(30), соопштија од МВР.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, за случајот е известен Јавен обвинител и по комплетно  документирање против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.