Полициски службеник вчера додека извршувал службени дејствија бил повреден откако во него удрил мотоцикл на железнички премин во скопската населба Хиподром.
Како што информира МВР, З.П.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки вчера во 22:30 часот на железнички премин на улицата „Благоја Стефковски“ во населбата Хиподром удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Во незгодата, полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.