Една слика е илјада зборови, две се две илјади… и плус десетина за паралела меѓу режимот против кој се бореа шарените револуционери во Македонија и сега жолтите елеци во Франција. Оваа фотографија од синоќа кружи по социјалните мрежи.
Првата е од шминкерската револуција на шарените во Скопје, а втората е од актуелната жолта револуција во Париз и цела Франција. Сликите доволно говорат како македонската полиција се справуваше со шминкерите и шминкерките кои демолираа и палеа објекти во Скопје, а како денес тоа го прави француската полиција и жандармерија во Париз, каде исто така се демолираат и палат објекти.
Се уште не е објавено дали од македонската амбасада во Париз реагирале за однесувањето на француската полиција спрема дамите во тамошната револуција, како што во Скопје реагираа(т) од француската и другите европски амбасади. И ни држеа лекции против несразмерна употреба на полициска сила против шарените револуционери и ни држеа предавања по европска демократија.