Изминатата ноќ на повеќе места низ Скопје се случи герила акција, во која на повеќе локации осамнаа плакати со ликот на македонскиот премиер Димитар Ковачевски.
Истите се во неколку скопски општини, а дел од нив се во Ѓорче Петров, на Железничка, пред мостот на Бихаќска, како и под скопското Кале. На плакатот осамна текст „Народот пати, Таче ќеш млати, куме златен во небрано си фатен“.