Жена на 67 годишна возраст претпладнево е спасена од давење од водите на Вардар и пренесена во Градската општа болница „8 Септември“, при што не биле констатирани повреди
Како што соопшти МВР, денеска во 10:16 часот, веднаш по добивање на пријава во СВР Скопје дека има женско лице во реката Вардар, во близина на хотел во Скопје. Полициски службеници од интервентната полиција влегле во водите на Вардар и ја извадиле жената, на која веднаш ѝ е пружена прва помош и однесена во ГОБ.