Синоќа со помош на Противпожарната екипа од водите на реката Вардар во Скопје е извадено машко лице кое барало помош.
Од Противпожарната единица и полицијата информираат дека машко лице во водите на реката Вардар кај Камениот мост во Скопје барало помош. Интервенцијата траела од 23 и 20 часот до 23 и 55 часот со две возила и шест пожарникари.