Еден возач на мотоцикл и еден сопатник во автомобил се потешко повредени, а 17 лица полесно повредени во 36 сообраќајки што викендов се случиле на подрачјето на СВР Скопје.
За пречекорување на пропишаната брзина се санкционирани 198 возачи. Соообраќајната полиција исклучила од сообраќај 171 лице, од кои 111 бидејќи управувале под дејство на алкохол и 44 кои возеле пред да се стекнат со право на управување моторно возило.
Од сообраќај се исклучени 32 нерегистрирани возила.
Изречени се мерки за непрописно паркирање на 112 лица, а „пајакот“ подигнал 77 возила.