Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 20 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, соопшти денеска МВР, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле нерегистрирани.
Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради неправилно престигнување, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 110 мандатни платни налози.
Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди, во кои шест лица поминале со телесни повреди.