Едно лице загина, а три се потешко во четири од вкупно 24 сообраќајни несреќи што викендов се случиле на подрачјето на Град Скопје.
Според податоците на СВР Скопје, полицијата викендот санкционирала 19 возачи кои управувале под дејство на алкохол, 55 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет почетници.
Од сообраќај се исклучени 242 возачи поради поголема брзина од дозволената и 39 нерегистрирани возила.
За непрописно паркирање се издадени 151 казна, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 97 возила.
Казнети се 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 14 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, седум за неправилно престројување, 10 за неправилно престигнување, девет за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторно возило и 25 за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.