Едно лице го загуби животот, две се здобиле со тешки телесни повреди, 15 со лесни, а причинета е материјална штета во седум од вкупно 20 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатото деноноќие на подрачјето на Секторот за внатрешни работи – Скопје.
По преземените мерки и активности, соопшти денеска СВР – Скопје, од сообраќај се исклучени 17 возачи од сообраќај, од кои 15 немале возачка дозвола, а двајца се возачи почетници. Исклучени се и 10 возила кои биле нерегистрирани.
Пајакот отстранил 51 возило.
Одделението за превенција во текот на вчерашниот ден реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која присуствуваа граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас, престројување и брзина).