Пешак е тешко повреден, а шест лица се здобиле со полесни повреди во седум од вкупно десет регистрирани сообраќајки во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

Полицијата исклучила од сообраќај 26 возачи под дејство на алкохол, а исклучени се и 23 нерегистрирани возила.

Изречени се мерки за непрописно паркирање за 103 возила, додека „пајакот“ кренал 65 возила.

Казнети се и девет возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци на пешачки премин, 19 за зборување на мобилен при возење, 10 за неносење сигурносен појас.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници од областа на сообраќајот во СУГС „Сарај“ во општина Сарај.