Пет лица се полесно повредени во пет од вкупно 14 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет од нив е причинета материјална штета.
Како што информира СВР Скопје во денешниот билтен санкционирани се седум возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 11 лица кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и еден возач под дејство на алкохол. Од сообраќај се исклучени и девет нерегистрирани возила.
Сакнционирани се и 29 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле и 17 возачи за неносење на сигурносен појас.
Сообраќајната полиција издала 93 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 66 возила.