Ноќеска околу два часот, од поголема група од седум – осум лица во Скопје биле нападнати новинарите Љупчо Цветановски, Дејан Андоновиќ и Петар Серафимовски

Цветановски е новинар во телевизијата „Алфа“ и наш колумнист, Дејан Андоновиќ работеше во ТВСител, Радио Слободна Македонија и 1 ТВ, а Петар Серафимовски во Македонско Радио.

Тројцата новинари без причина биле нападнати на излегување од угостителскиот објект „Александрија“, по што од група од седум- осум лица, без повод и причина, ниту пак претходна расправија биле нападнати.

Мотивите и идентитетот на напаѓачите засега се непознати.

Случајот е пријавен во полиција.

Минатата недела нападнат беше и новинарот Саше Димовски додека седел во кафуле. Димовски е уредник на порталот Сведок и се занимава со аферите и скандалите во судството.