Душата на Македонија е продадена, мнозинството Македонци би сакале да добиеме членство во Европската унија. Отворениот пазар ќе биде добар за развојот на економијата, а со тоа и туризмот ќе расте. Но, луѓето се прашуваат дали вредеше сѐ што се случи во изминатиов период, вели Климент Наумов, туристички водич од Охрид и докторант на Факултетот за туризам, во интервју за холандски nos.nl.

– Со името сакаат да ни го одземат и идентитетот, вели Наумов, кој меѓу другото работи како туристички водич со холандски групи.

Тој, како што пренесе порталот Охрид 24, вели дека евтино е продадена душата:

– Ја продадоа душата на Македонија, и тоа за премногу ниска цена, вели Наумов во интервјуто за холандскиот медиум.

Наумов додава дека сè уште ги поздравува своите туристи со „добредојдовте во Македонија“.

– Јас сум Македонец, живеам во Македонија и секогаш ќе им ја презентирам македонската историја и култура на моите гости. Не северномакедонската, заклучува Наумов.