Порторико го порази Иран со резултат 83:81 во неверојатна завршница на натпреварот од првото коло од групната фаза на Мундобаскетот во Кина.
Иран имаше предност скоро во текот на целиот натпревар и се чинеше дека лесно ќе дојде до победа, но тогаш Порторико одигра спектакуларно во последните минути и преку пресврт ја надополнија негативата од дури 18 поени.
Херојот на Порторико е Хуертас кој со две неверојатни тројки донесе пресврт во својот тим и водство од 81-78. Ниту Иран не се предаде толку лесно, на околу 15 секунди до крајот на натпреварот топката дојде до Хамед Хадади кој погоди неверојатна тројка и му донесе на својот тим изедначување 81-81.
Кога се чинеше дека ќе гледаме дополнително време, судијата од БиХ, Адемир Зуратовиќ, го врати времето на четири секунди, што беше доволно за уште еден напад Порториканците, кој го искористија преку Мојица кој со два поени го донесе конечниот резултат и првата победа на првенството за својата репрезентација од 83-81.