Во досадна игра помина дербито меѓу Шкендија и Вардар во Тетово. Пред полупразни трибини, двете екипи одиграа само 0:0 во натпревар во кој практично и немаше посериозни шанси, а најсериозната можност Шкендија ја имаше во последната 93. минута.

Со ова продолжува слабата игра на Шкендија, додека Вардар може да биде задоволен враќајки се од тешкото гостување со еден бод.

Во другите натпревари од 9. коло на ПМФЛ постигнати се следните резултати:

Академија Пандев – Силекс 2:0

Борец – Струга 3:2

Македонија ГП – Шкупи 0:0

Вардар е прв на табелата со 20 бодови, Академија Пандев втора со 18 бодови, а Шкендија е шеста со 11 бодови.

Последни на табелата се Струга и Борец со по 8 бодови.