Никола Младенов не бил убиен. Тогашните органи на истрагата НЕ прикривале никого. Напротив, професионално ја завршиле работата и ја утврдиле фактичката состојба, истакна денеска на прес-конференција го истакна Маја Славева од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев е ликот кој бесрамно лажел и се обидел политички да профитира од трагичната несреќа. Нечовечно и некрофилски ги манипулираше семејството, пријателите и јавноста изјавувајќи дека станува збор за убиство и ветуваше дека тој ќе ја откриел вистината. Три години подоцна вистината ја откри сопругата на Младенов. Таа потврди дека Зоран Заев е човек без образ кој лаже и се обидува да профитира од туѓи трагедии. Сопругата на Младенов откри дека се работи за сообраќајна незгода предизвикана од неприлагодена брзина. Три дена после оваа информација Заев молчи и се крие. Нема ни извинување, ни покајување, ниту објаснување кој му ја смислил лагата која што ја пласираше во јавноста и дали вредело манипулирањето на јавноста, потенцира Славева.

Таа додава дека молкот од страна на колегите на Младенов и новинарските здруженија, јасно покажува дека веќе никој не му верува на Заев и не очекува ништо од таков карактер.

-Неговата манипулација со несреќата на Младенов јасно говори колку бескрупулозно си поигруваше и со судбините на роднините на убиените кај Смилковското езеро, и со случајот на Мартин Нешковски, и со Диво Насеље. Заев молчи и не ги коментира заканите на кумановската група кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и на терористите кои убиваа полицајци им ветуваше вистина која што ќе ги ослободи. Зоран Заев и СДСМ веќе немаат кредибилитет да ја водат државата. Со секој изминат ден се открива нова бесрамна лага. Луѓе како Заев, доколку имаат барем малку совест, сами би се повлекле. За жал, Зоран Заев нема образ. Заев и неговата сенка Пендаровски мора да бидат поразени за да се врати честитоста во Македонија, вели Славева.