Слика од речиси празен авион, во кој била само сопруга на поранешен британски војник, го разгневи светот.
Од снимката што ја пренесуваат медиумите се гледа како од аеродромот во Кабул лета празен авион и покрај тоа што голем број на Авганистанци очајно бараат излез.
Пол Пен Фартинг ја објави фотографијата од внатрешноста на авионот, наведувајќи дека успеал да ја спаси неговата сопруга, но не и некој друг.
– Кајша е на пат за дома. Но, овој авион е речиси празен… скандалозно додека илјадници луѓе чекаат пред аеродромот во Кабул, бидејќи не можат да влезат“, напишал Фартинг.
Тој додава дека е многу „тажно што луѓето ќе бидат оставени кога оваа мисија ќе заврши“.
Фотографијата е објавена откако британските власти соопштиле дека операцијата е успешно изведена.
Министерот за одбрана, Бен Валас наводно рекол дека Обединетото Кралство го користи секој можен простор да спаси луѓе од Авганистан.
Разни медиуми оваа недела известувале за празните авиони од западните земји кои полетеле од Кабул и покрај хаосот на аеродром.
Шокантните фотографии од Кабул прикажуваат како илјадници граѓани се обидуваат да побегнат од земјата чекајќи пред аеродромот, откако Талибанците ја окупираа државата. Тие сега го контролираат и влезот на аеродромот, поради што на луѓето им е потешко да поминат преку нив и да се качат на авион.